Вардар ги заврши настапите во Лигата на Шампионите за оваа натпреварувачка сезона. Вардар го загуби и реванш натпреварот во Веспрем, откако домаќинот беше подобар со резултат 39:30.
Високата предност на Веспрем од првиот натпревар им овозможи полесен пристап на овој реванш дуел. Во најголем дел од првото поувреме, домашниот тим имаше предност, која во последната минута од првото полувреме достигна и шест голови. Откако Вардар поведе со 1:2, со голот на Дисингер, кое беше и наше единствено водство, тимот на Веспрем направи серија од 3:0 и со голот на Шишкарев поведе со 4:2. Во 8.минута резултатот беше израмнет откако погоди Георгиевски, но противникот во 12.минута стигна и до највисоки три гола (9:6) беше резултатот во 12 минута. Се играше брзо на двете страни, посебно Веспрем кој брзо ги решаваше своите напади, со неколку додавања. На голот беше Ристовски кој имаше четири одбрани до средината на првиот дел, благодарение на кои, Валчак со погодок намали на само еден гол негатива (10:9). Од тој период следеше серија на домаќинот од 5:1, за предност од 15:10. До крајот на првиот дел, оваа позитива ја задржаа, па на одмор се замина со резултат 20:15.
По десет минути игра во вториот дел, Веспрем стигна и до двоцифрена предност, откако резултатот на семафорот гласеше 30:20. Вардарци продолжија да прават голем број на технички грешки во нападот, па Алушовски беше принуден да побара тајм-аут. Успеваме колку толку да ја намалиме негативата, откако направивме серија од неколку погодоци и во 48 минута да намалиме на 31:25. Веспрем повторно дојде до двоцифрени 36:26, на осум минути пред крајот. Конечниот резултат гласеше 39:30.