Македонската фудбалска репрезентација до 19 години го одигра и вториот контролен натпревар против соодветната селекција на Црна Гора. Денешниот натпревар заврши со нерешен резултат 1:1.
По првото полувреме, Македонија имаше водство од 1:0, но Црна Гора го израмни резултатот во последните десет минути од натпреварот.
Вардаровиот голман, Гоце Јовчев беше на голот на Македонија во текот на целиот натпревар, додека во стартниот состав беше и Грегори Давков. Во игра во вториот дел влезе и Антонио Мирков, кој имаше голема шанса, но немаше среќа откако ја погоди стативата од противничкиот гол.