Одлична вест пристига од РК Вардар 1961 за првиот тим ќе добијат шанса за деби и тоа во регионалната СЕХА лига дури шест ракометни надежи. Станува збор за млади и квалитетни ракометари од пионерскиот погон кои ги предводи Зоран Петковски-Зенга.
Низ годините под менторство на Зенга овој тим доживеа процут, имаме одличен ростер, голема база за репрезентацијата на Македонија. Вардар го препозна тоа и ги „фрла во оган“ во вистинско време. Тие ќе настапат на СЕХА дуелот против тимот на Војводина. За жал поради пандемијата веќе една година и нешто во земјава нема младински ракомет, па оваа шанса е повеќе од добредојдена.
Дел од тимот ќе бидат, голманот Никола Спасовски, крилата Матеј Трајановски и Марио Стојановски, пикерот Александар Стојменов, левиот бек Никола Анакиевски и Виктор Трифуновски кој игра на централната позиција во тимот.