Вчера во Македонскиот народен театар беа доделени наградите за најдобрите во Македонскиот фудбал, за напреварувачката сезона 2014/2015. Признанието за најдобар млад стрелец му припадна на Марко Ѓоргиевски, кој настапува за младинските екипи на Фк Вардар. Минатата сезона “златната“ деветтка успеа да запише 37 погодоци во домашните натпреварувања, настапувајќи за помладите пионери. Оваа сезона го гледаме како член на пионерите, каде има значајна улога во добрите резултати на својот тим.
-Искрено очекував, но сеуште неможам да поверувам дека оваа награда припадна токму на мене. И понатаму пристигнуваат честитки на мое име од сите другари, пријатели, роднини и познаници. Бев многу среќен, но и возбуден што бев во присуство на големи и познати имиња во Македонскиот фудбал. Ова признание има големо значење за мене и мојата фудбалска кариера. Ќе се трудам и понатаму со напорна работа и посветеност да го повторам овој успех, изјави Марко Ѓорѓиевски за Вардар Фанс.
Звонко Ивановски