Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар „драстично ослабен“ гостува кај Војводина
Вардар „драстично ослабен“ гостува кај Војводина

Вардар „драстично ослабен“ гостува кај Војводина

Вардарци денес ќе го одиграат последното коло во групната фаза од Сеха-Лигата. Црвено-црните гостуваат во Нови Сад, кај екипата на Војводина.

Вардар ќе настапи драстично ослабен без дури свои 11 ракометари. Во составот нема да бидат Марко Кизиќ, Гоце Георгиевски, Стојанче Стоилов, Филип Талески, Марко Мишевски, Анте Гаџа, Иван Чупиќ, Васко Шеваљевиќ и Патрик Валчак поради репрезентативни обврски, додека надвор од ростерот се и повредените Борко Ристовски и Димитар Димитриоски. Шанса ќе добијат шест играчи од кадетскиот состав, се работи за Никола Спасовски, Матеј Трајановски, Никола Анакиевски, Виктор Трифуновски, Александар Стојменов и Марио Стојановски.

Интересно е тоа што Вардар нема пораз од Војводина на последните 11 меѓусебни натпревари, додека екипата од Србија последен пат се радувала пред дури седум години и тоа со триумф на Кале. Војводина денес има голема шанса да ја прекине лошата традиција, со оглед дека Вардар ќе влезе на овој натпревар многу ослабен.

Од конечниот исход на овој натпревар ќе зависи и пласманот на вардарци во групната фаза. Во случај на победа, ќе завршиме на второто место што ќе значи пласман во 1/4 финалето и двомеч со екипата на Веспрем. Доколку загубиме, ќе го освоиме третото место, во тој случај ќе започнеме од 1/8 финалето, каде за противник го имаме тимот на Татран Прешов, додека во евентуално 1/4 финале би се сретнале со екипата на ППД Загреб.