Со победата на гостувањето кај Финска, ракометната репрезентација на Македонија обезбеди пласман на ЕП во 2022 година.
Македонија вчера ја победи Финска (22:27), иако противникот даде силен отпор, сепак поискусните и подобрите на крајот се радуваа. Домашната репрезентација во текот на првото полувреме имаше водство, во еден момент истото достигна и до три гола позитива, додека на полувреме резултатот гласеше 14:12.
Сепак, како одминуваше второто полувреме, работите започнаа да се доаѓаат на место, па Македонија ја превзе контролата на играта и резултатот. Иако Финците имаа расположен голман, сепак на теренот влегоа поискусните играчи како Лазаров, Миркуловски и Кузмановски кои го свртеа резултатот во своја корист. Позитивата постепено растеше, за на крајот да достигне и пет голови разлика.
Од вардарците, најефикасен беше Гоце Георгиевски кој постигна 4 голови, додека Стоилов имаше 2. Во листата на стрелци со по еден погодок се запишаа и Талески и Мишевски.