Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Чувара: Со Вардар се договорив за три дена, понудата не можеше да се одбие
Чувара: Со Вардар се договорив за три дена, понудата не можеше да се одбие

Чувара: Со Вардар се договорив за три дена, понудата не можеше да се одбие

Полскиот интернационалец Јан Чувара, ќе биде дел од црвено-црните. Вардар од следната сезона ќе има ново засилување на левата крилна позиција, како партнер на Тимур Дибиров. Новиот играч на скопскиот тим во интервју со „TVPSPORT.PL“, откри што чувствувал кога добил понуда да игра за двократниот европски првак од Македонија.

Првата реакција? Изненадување, позитивен шок и голема возбуда. Пред да ја добијам шансата да играм за Вардар, бев во ќорсокак, бидејќи немав конкретна понуда на масата. Вардар се покажа многу специфичен, се договоривме за само три дена. Договорот не можеше да се одбие. Кога го потпишав договорот ми олесни, почувствував дека имам сигурна иднина. Дибиров е легенда на Вардар. Според она што го знам, тој игра 18 сезони во Лигата на шампионите. Јас, од друга страна, треба постепено да се наметнувам против големите екипи. Вардар игра многу натпревари секоја сезона. Тука се СЕХА-лигата, македонската лига и Лигата на шампионите. Заедно, станува збор за 50 меча. Мислам дека ќе добијам шанса, и се надевам дека ќе можам да конкурирам за место во составот- вели полјакот.