Младинките на Жрк Вардар предводени од Симе Симовски се победници во својата категорија на турнирот Вардар-“еден живот,една љубов“ кој се играше во периодот од 14-18 јануари во Скопје.
Девојките без поголеми проблеми успеаа да забележат две убедливи победи и да го освојат првото место.
1.ЖРК Вардар-Жрк Чаир 32:10
2.ЖРК Вардар-Жрк Ѓорче Петров 23:11
Најголем дел од екипата се најде и во идеалниот состав на турнирот.Сара Митова,Симона Стојановска и Сара Николовска на бековските позиции.Нина Бојаџиска беше избрана за најдобар пикер,а најдобар голман на турнирот е Нина Ладева.
21.01.2015