Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > ФК Вардар поднесе барање за лиценца за Фифа натпревари
ФК Вардар поднесе барање за лиценца за Фифа натпревари
ФФМ

ФК Вардар поднесе барање за лиценца за Фифа натпревари

Како што објави Фудбалската Федерација на Македонија во дадениот рок се поднесени 9 барања за клубското лиценцирање за УЕФА натпреварувања за сезона 2015/16, секако и  ФК Вардар поднесе барање за лиценца за Фифа натпреварите. Ова е стандардна процедура за лиценцирање за можност да се настапи во евентуланите квалификации за Лигата на Шампионите и Купот на УЕФА . ФК Вардар кој влегува со големи амбиции во вториот дел на сезоната 2014/15година се надеваме дека искрено ќе го заземе единственото место за квалификациски меч во најквалитетното европско натпреварување Л.Ш.Од Првата Фудбалска Лига единствено екипата на Штипска Брегалница не поднесе вакво барање. За жал ФК Вардар минатата сезона поради очајниот пласман не се натпреваруваше во ниедно Европско натпреварување. Се уште се свежи спомените на двомечот со Стеауа од Романија и болниот за наш Вардарците  двомеч со Белорускиот Шампион Бате Борисов, кога на Вардар му фалеше гол во Скопје пред полната арена која беше првпат исполнета со целиот капацитет од страна на Црвено-Црните фанови, кој по крајните 0-0 разочарани си заминаа. Бидејќи ФК Вардар има сериозен сопственик и систем на водење на клубот, не се очекува било какви проблеми со  ФФМ за добивање на лиценцата.

Leave a Reply