Friday ,20 September 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Пеколни и клучни 20.дена за ЖРК Вардар, Ф-4 во Купот, две дерби средби во следните 3.кола
Пеколни  и клучни 20.дена за ЖРК Вардар, Ф-4 во Купот, две дерби средби во следните 3.кола

Пеколни и клучни 20.дена за ЖРК Вардар, Ф-4 во Купот, две дерби средби во следните 3.кола

ЖРК Вардар го очекуваат тешки, динамични  и клучни  20.дена на два фронта. Женската суперлигашка конкуренција и завршниот Ф-4 турнир од Купот на Република Македонија. 

Најпрвин на 6.мај играме гостински дуел со тимот на Кузман Вардар во лигата, по три дена не очекува важен дуел во истото напреварување. Во дерито за втората позиција во „Јане Сандански“ ќе бидеме домаќин на Металург, ривал против кого секогаш играме неизвесни напревари. Неделата потоа повторно имаме два напревари, на 14.мај во 1/2-финалето од Купот во Автокоманда играме со Чаир, ден потоа ако се е во ред во финалето ќе играме со победникот од мечот Куманово-Металург. Овој динамичен циклус од 20.дена завршува на 23.мај, кога гостуваме во салата „Перо Наков“ кај лидерот на табелата во лигата, во 23.коло од Супер лигата наш домаќин ќе биде ЖКК Куманово.