Македонската фудбалска репрезентација до 15 години се наоѓа во Велика Горица ( Хрватска), на 20 км до Загреб, каде во претстојниве три дена ќе биде дел од меѓународен турнир, на кој покрај Македонија и домаќинот Хрватска, ќе настапат уште и репрезентациите на Белорусија и Бугарија.
Утре ќе го стартуваме турнирот со натпревар против селекцијата на Белорусија, додека во четврток ќе играме против Хрватска, а во петок не очекува дуел против Бугарија.
Селекторот на Македонија У16, Неџат Шабани за овие натпревари повика и тројца играчи од редовите на Вардар. Тоа се Димитар Порчу, Алтин Алији и Андреј Величковски.