Иако претходно, ракометната федерација на Република Македонија имаше закажано за оваа работана недела две коло во лигата (21-то и 22-то коло) пред паузата идниот викенд кога ќе се игра Ф-4 турнирот во Купот на Македонија дојде до измена.
Ќе се игра само едно коло, она од 21.рунда кога гостуваме кај “фенерџијата“ екипата на РК Кузман Вардар од Населба Илинден. Тоа ќе ни биде единствен првенствен дуел пред настапот на завршниот турнир кој ќе се игра во Автокоманда. Истиот ќе се игра за викенд, ваквата измена е плод на потребата заради контолирањето на здравјето на девојките во лигата да се спроведе тестирање за „анти тела“.
По овој викенд кога играме со Кузман, идниот односно на 14.мај сме дел од 1/2-финалето од Купот на Република Македонија каде во салата „Автокоманда“ играме со Чаир. По победата во лигата над истиот тим покажавме дека сме фаворит и дека е за очекување ден потоа(15.мај) да настапиме во финалето, каде би вкрстиел со победникот од другиот полуфинален мечот помеѓу Куманово-Металург.
По Куп искушението не очекува и лигашко искушение, најпрвин во „Јане Сандански“ го пречекуваме Металург во лигата, потоа гостуваме кај лидерот ЖРК Куманово во истоимениот град, најверојатно во салата „Перо Наков“.