Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Величковски, Алији и Порчу ќе бидат дел од Македонија У15 на меѓународниот турнир во Хрватска
Величковски, Алији и Порчу ќе бидат дел од Македонија У15 на меѓународниот турнир во Хрватска

Величковски, Алији и Порчу ќе бидат дел од Македонија У15 на меѓународниот турнир во Хрватска

Македонската фудбалска репрезентација до 15 години се наоѓа во Велика Горица ( Хрватска), на 20 км до Загреб, каде во претстојниве три дена ќе биде дел од меѓународен турнир, на кој покрај Македонија и домаќинот Хрватска, ќе настапат уште и репрезентациите на Белорусија и Бугарија.

Утре ќе го стартуваме турнирот со натпревар против селекцијата на Белорусија, додека во четврток ќе играме против Хрватска, а во петок не очекува дуел против Бугарија.

Селекторот на Македонија У16, Неџат Шабани за овие натпревари повика и тројца играчи од редовите на Вардар. Тоа се Димитар Порчу, Алтин Алији и Андреј Величковски.