Штета што оваа сезона не беше актуелна регионалната-скопска лига, во која генерацијата 2006 на ФК Вардар сигурно дека ќе беше најголем фаворит за освојување на истата. Оваа надежна генерација на Вардар предводена од Милан Коцески продолжува да тренира во напорно темпо со надеж дека од новата натпреварувачка сезона ќе започнат да се натпреваруваат во помладата пионерска лига.
Во текот на вчерашниот ден, вардарците од генерација 2006 го имаа својот тренинг, како истиот изгледаше можете да погледнете од нашата фотогалерија.