Friday ,20 September 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Познати судиите за полуфиналните дуели на РК и ЖРК Вардар во Купот
Познати судиите за полуфиналните дуели на РК и ЖРК Вардар во Купот

Познати судиите за полуфиналните дуели на РК и ЖРК Вардар во Купот

На 13 и 14.мај, машкиот и женски тим на РК Вардар ќе ги одигра своите полуфинални натпревари во Купот на Македонија, за истите од РФМ ги одредија судиите кои ќе му делат правда на Вардар.

На 13.мај (четврток), машкиот тим на Вардар ќе го има полуфиналниот дуел против екипата на Металург, кој ќе започне од 16:30 часот. Судии на овој дуел ќе бидат Димитар Митревски и Благојче Тодоровски.

Следниот ден на 14.мај на програмата се полуфиналните натпревари во женска конкуренција. Вардар за противник го има Чаир, екипа која ќе биде последна пречка за младите вардарки до големото финале во ова натпреварување. За судии се поставени  Адриана Здравковска и Сања Божиновска.

Познати се и судиските парови за финалните натпревари кои на програмата се на 15.мај (сабота). Очекувано, машкото финале ќе го судат Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, додека Михаела Капсарева и Лејла Јашар ќе го судат женското финале. Завршниот турнир во двете конкуренции ќе се одигра во спортската сала во населбата Автокоманда.