Неуспешен старт во втората фаза за избраничките на Индира Кастратовиќ,кои со пораз ја започнаа новата година во ЛШ.На гостувањето во германија забележаа нов неуспех,против екипата на Лајпциг.Натпреварот започна со наше водство со голот на Барбара Лазовиќ.Се до последните десет минути од првио дел,Вардарки имаа предност од еден до два гола,кои ја изгубија во продолжението од мечот.Многу грешки во играта,со непрецизни удари и слаба игра во одбраната, му овозможија на противникот да ја превземе предноста која ја одржуваа константно.Во 27 минута екипата на Лајпциг поведува со 11:9,а во следниот напад Мазуко погодува за најголемо водство во тие моменти.На полувреме се заминува со резултат 13:10 во корист на домаќинот.
Во вториот дел германскиот преставник продолжи со одлична игра,а ние немавме решение за нивниот голман која беше на крај најголем виновник за нашиот неуспех.Полската репрезентативка Кудлач погодува за 18:14 в0 42 минута.Само на моменти Вардарки се закануваа намалувајќи на два гола негатива.Сепак немаше доволно време за целосно враќање,Радичевиќ успева во 58 минута само да намали на 24:22 што не беше доволно за позитивен резултат.Конечниот резултат гласеше 26:23.
Андреа Лекиќ беше наш најефикасен играч со 6 постигнати гола,а еден помалку имаше Пенезиќ.
Со овој пораз Жрк Вардар падна на петото место на табелата во групата.Следниот натпревар е против екипата на Крим Меркатор во Јане Сандански на 7 февруари.
30.01.2015