Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Уште еден ракометар дефинитивно останува во редовите на Вардар 1961 и следната сезона
Уште еден ракометар дефинитивно останува во редовите на Вардар 1961 и следната сезона

Уште еден ракометар дефинитивно останува во редовите на Вардар 1961 и следната сезона

Најтрофејниот ракометен тим во државава, РК Вардар 1961 полека но сигурно го составува играчкиот ростер за идната сезона. Откако објавивме дека со сигурност во редовите на ,,црвено – црните” остануваат Дибиров, Георгиевски и Калараш, нов во низата е организаторот на играта, Анте Гаџа.

Гаџа за ,,Вардар Фанс” го потврди останувањето во редовите на Вардар 1961 и идната сезона. Хрватскиот ракометар фати добра форма, но за жал се повреди и нема да може да му помогне на тимот до крајот на оваа натпреварувачка сезона.

Само да напоменеме дека на големо се бара и нов среден бек, бидејќи како што е добро познато Јотиќ по една сезона си заминува од клубот.