Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Стефаноска Сара: Наша следна цел е „сребрената“ позиција и во лигата
Стефаноска Сара: Наша следна цел е „сребрената“ позиција и во лигата

Стефаноска Сара: Наша следна цел е „сребрената“ позиција и во лигата

Големиот фаворит од Куманово успеа да дојде до Куп пехарот на напреварот во „Автокоманда“ совладуваќи го ЖРК Вардар. Кумановски победија со резултат 26-18 на оваа средба. По мечот најмладата во составот на црвено-црните, Стефаноска Сара за МТВ, која вршеше пренос од ова финале изјави:

.

„Мислам дека се држевме низ целиот натпревар, издржавме и добро се боревме. Мислевме дека можеме да се држиме до крај, но тоа е, разликата се зголемуваше ама ние дадовме максимум и ќе продолжиме да се бориме да бидеме барем второ место во лигата. Нашата екипа е помлада генерација за разлика од Куманово, па пресуди искуството и мора да се носиме со тоа-рече Стефаноска.