Генерацијата 2006 на ФК Вардар денес одигра контролен натпревар против генерацијата 2005 на Кул. Момците на Милан Коцески дадоа отпор на противникот кој на крајот славеше победа со резултат 5:2.
Ова беше силен тест за вардаровите надежи, со оглед дека играа против повозрасната екипа на Кул, која важи за една од најдобрите во Македонија во генерацијата 2005. Одигравме храбро до крајот на дуелот кој се одигра на теренот на Цементарница. Противникот прв успеа да го отвори резултатот, додека ние вративме со голот на Марко Николовски кој погоди на асистенција од Алији. До крајот на првото полувреме тимот на Кул успеа да постигне три гола во нашата мрежа и на полувреме да има водство од 4:1.
Во вториот дел, падна по еден гол во двете мрежи. Најпрво Вардар намали на 4:2, после одбиена голманска топка во противничкиот шеснаесетник погоди Алтин Алији, додека пред крајот на мечот, домаќинот со нов гол ги постави конечните 5:2 на овој пријателски дуел.
Дефинитивно, квалитетен контролен натпревар за вардаровите надежи кои одиграа цврст и борбен натпревар.
Вардар: Данстак, Ајетовиќ, Порчу, Јанкоски, Танчев, Нуредини, Величковски, Лефковски, Ниоловски, Коловски и Алији.
Играа уште и Атанасов, Крстевски, Хасиќ, Грбовиќ, Цековски и Љатифи.