Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Промени во Вардар, остануваат двајца од шампионската генерација!
Промени во Вардар, остануваат двајца од шампионската генерација!

Промени во Вардар, остануваат двајца од шампионската генерација!

РК Вардар 1961 прави големи промени во играчкиот кадар, па така во новата сезона ќе останат само двајца ракометари од шампионската генерација, онаа од 2019 година кога Вардар ја освои втората европска титула.

Откако стана јасно дека Дисингер и Чупиќ си заминуваат од таборот на ,,црвено – црните” , пред неколку дена дојде и веста дека уште еден играч од шампионската генерацијата си заминува по крајот на оваа сезона. Се работи за искусниот кружен напаѓач Глеб Калараш, кој по три години минати во клубот си заминува. Значи, остануваат само капитенот Стојанче Стоилов и Тимир Дибиров. И двајцата и идната сезона ќе го носат тимот до нови титули.

Од друга страна во Вардар доаѓаат нови играчи. Засега најголеми засилувања за тимот се Гурбиндо, Томовски и Кудуз, а добри трансфери треба да бидат и оние на Чувара и Ел-Тајар. Да не заборавиме дека доаѓаат и Тото и повратникот во македонскиот ракомет Дарко Ѓукиќ. Се преговара и со неколку квалитетни бекови.