Thursday ,19 September 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Преглед последно, 26.коло! Вардар „вицепрвак“ на Македонија, Куманово стигна до 70.бода
Преглед последно, 26.коло! Вардар „вицепрвак“ на Македонија, Куманово стигна до 70.бода

Преглед последно, 26.коло! Вардар „вицепрвак“ на Македонија, Куманово стигна до 70.бода

Изминитите два дена се одигра последното коло во женската лига, по кое се „спушти завесата“ во шампионатот 2020/2021 кај дамите.

Во последното коло победи остварија Куманово, Пелистер, Металург, Стружанка, Чаир и нашиот Вардар. Црвено-црните дами гостуваа во Ѓорче уште на самиот почеток поведоа со 01-11 и најавија висока победа. Триумфиравме со 21-46 потврдувајќи ја одличната сезона и вицешампионската позиција. На 24.дуели обезбедивме дури 20.победи, еден дуел одигравме реми со Куманово тоа беше единствен меч во кој новиот шампион не дојде до “цел плен“. Поразени бевме само во три навртти. Вака изгледаат резултатите до 26.рунда.

На конечната табела Куманово е Шампион со 23.победи, без пораз и едно реми со Вардар. Нашите девојки се вицепрваци, Металург мораше да се задоволи со позицијата број три, следува тимот на Чаир. Вака изгледа табелата по комплетираните 24.кола.