Вардар во новата сезона ќе има нов „лик“ со нови играчи и тренер, во името на Веселин Вујовиќ. На вчерашната прес-конференција, Вујовиќ беше претставен како нов тренер кој ќе го замени Алушовски. Меѓу другото, сопственикот на клубот, Михајло Михајловски зборуваше и за можни нови спонзори кои би влегле во ракометниот клуб Вардар.
„Во моментов бев преокупиран да се освои титула и да играме ЛШ затоа што само така Вардар може да привлече нови спонзори. Јас кога се нафатив да го спасувам Вардар, на сите им кажав дека сум возрасен човек, сакам или не сакам тоа да признаам. Ќе беше брука ако Вардар згаснеше и ако не го спасев. Имам амбиции да бидам почесен претседател на Вардар, да го помагам Вардар, ама сакам да најдам луѓе и млади докажани во државата кои би го воделе клубот.
Михајловски се надева дека во брзо време ќе има нова вест околу можноста за нови инвеститори во клубот.
Имав такви преговори, дојдов до такво име со познат бизнисмен во Македонија. Јасно е дека не може со два, два и пол милиони евра да играш против ПСЖ, Веспрем, ПИК Сегед, Барселона… Имаме преговори со компании, не сме застанале, една до две странски компании можеби да влезат во Вардар. Секако, ако има интерес и договорот се случи набрзо“,