Екипата на Ла Масиа од Охрид денес беше гостин на Академијата на ФК Вардар. Тие одиграа два контролни натпревари со младите надежи на Вардар родени 2009 година. На двата дуели како подобар противник се покажа екипата на Ла Масиа.
Нашиот медиум беше присутен на натпреварите, од кои ви носи фотографии. Целосна галерија ќе биде достапна во наредниве денови на нашиот веб сајт.