Вториот контролен натпревар на фудбалските репрезентации до 19 години на Македонија и Бугарија заврши со нерешен резултат 1:1.
Надежите на Македонија предводени од Влатко Грозданоски ремизираа на вториот контролен дуел против соодветната репрезентација на Бугарија. По првото полувреме имавме предност од 0:1, додека во второто полувреме противникот врати со погодок. На голот за Македонија претходеше асистенција од вардаровиот играч, Грегори Давков.
Во стартниот состав покрај Давков, беа уште и голманот Гоце Јовчев и Петар Давидовски, додека во второто полувреме настап забележаа и Антонио Мирков и Филип Ѓоргиевски.