Вардар е една од осумте екипи кои обезбедија директен пласман во Лигата на Шампионите за следната натпреварувачка сезона.
Покрај Вардар, сигурно учесници во ЛШ се и екипите на Кил и Фленсбург, потоа Киелце, ПСЖ, Барселона, Пик Сегед и Порто, додека сугурни места има и за Шампионот на Хрватска и Данска, а тоа најверојатно ќе бидат ППД Загреб и Алборг.
Интересно ќе биде кој останати шест екипи ќе добијат валјд карта, тука конкуренцијата ќе биде голема, а еден од тимовите кој секоја сезона има високи дострели, тимот на Веспрем ќе мора да чека место преку вајлд карта, откако ја загуби титулата во Унгарија од тимот на Пик Сегед.