Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Завировски и натаму убедлив
Завировски и натаму убедлив

Завировски и натаму убедлив

Нашиот црвено-црн атлетичар,  Петре Завировски продолжува со битките на сите фронтови. Овој пат во Охрид на полумаратонот на спортската манифестација Охрид трчаТ.

Патеката долга 21,097км гордоста вардарова ја мина за 1 час, 27 минути и 24 секунди. Со што си обезбеди пласман на 10 позиција што е одлично остварување на нашиот атлетичар. Организацијата беше на врвно ниво наликувајки на големите светски полумаратонски трки.

Имаше знаци на сериозен замор последните денови пред трката вардарецот,  Завировски. Сепак Комитата собра сили, на мака се познаваат јунаците и истрча уште еднаш одлично во дресот на ФК Вардар со логото на Комити давајки поддршка на своите браќа во овие тешки времиња.

Следен настап на Завировски е во недела во Скопје на „Skopje Run 10k“.