Новиот тренер на РК Вардар 1961, Веселин Вујовиќ во вечерашниот разговор за „Balkan-handball“, откри дека клубот планира да донесе уште две засилувања, среден и десен бек.
Црногорскиот стручњак рече дека доколку Вардар доведе квалитетен среден и десен бек, тогаш ќе има добро пополнет ростер за новата сезона. Во овој момент на позицијата среден бек Вардар ги има Анте Гаџа и младиот Карапалевски, додека пак на десен бек искусниот Гурбиндо и младиот Јагуриновски.
Останува да видиме за кои ракометари ќе се одлучи двократниот европски првак.