Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Браво! „Сребро“ за кадетките на ЖОК Вардар ЕМ

Браво! „Сребро“ за кадетките на ЖОК Вардар ЕМ

197460786_382629349838288_2126218056630872671_n

Вчера во  кадетска конкуренција кај дамите  се играше завршниот турнир кој  го даде одбојкарскиот шампион.  Кадетскиот тим на ЖОК Вардар ЕМ  покажа квалитет и дојде до „среброто“.

Полуфиналниот  дуел кој го игравме во Битола каде што се играше завшниот Ф-4 турнир го добивме против тимот од тој град. Одлична игра на црвено-црните девојки против   ЖОК Пелистер Волеј донесе победа со 2-0 и пласман во финалето и борба за пехар..

Нашиот тим дојде до сребро по поразот од екипата на Јанта Волеј Форца со резултат 1-3. Честитики за црвено-црните кадетки за одличниот настап во оваа сезона кога се играше убрзано поради пандемијата, освојувањето на 2.место во Македонија е потик за понатамошно надградување и вредна работа.