Вчера во кадетска конкуренција кај дамите се играше завршниот турнир кој го даде одбојкарскиот шампион. Кадетскиот тим на ЖОК Вардар ЕМ покажа квалитет и дојде до „среброто“.
Полуфиналниот дуел кој го игравме во Битола каде што се играше завшниот Ф-4 турнир го добивме против тимот од тој град. Одлична игра на црвено-црните девојки против ЖОК Пелистер Волеј донесе победа со 2-0 и пласман во финалето и борба за пехар..
Нашиот тим дојде до сребро по поразот од екипата на Јанта Волеј Форца со резултат 1-3. Честитики за црвено-црните кадетки за одличниот настап во оваа сезона кога се играше убрзано поради пандемијата, освојувањето на 2.место во Македонија е потик за понатамошно надградување и вредна работа.