Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Човекот кој го искачи Вардар на врвот, утре го игра последниот натпревар во ,,црвено – црниот” дрес..
Човекот кој го искачи Вардар на врвот, утре го игра последниот натпревар во ,,црвено – црниот” дрес..

Човекот кој го искачи Вардар на врвот, утре го игра последниот натпревар во ,,црвено – црниот” дрес..

Маестралното десно крило, единствениот и незаменлив вардарец – Иван Чупиќ за жал утре го игра последниот натпревар како член на РК Вардар.

Човекот кој беше причина за голема радост во Македонија, човекот што го постигна незаборавниот погодок во финалето на Лигата на шампионите во Келн против ПСЖ во 2017 година, човекот што му донесе многу на нашиот тим, за жал утре го игра последниот натпревар како член на Вардар…

15.август 2016 година. Овој датум со златни букви треба да биде испишан во историјата на клубот, бидејќи на овој ден во 2016 година Иван Чупиќ и официјално потпиша четири-годишен договор со нашиот Вардар. Дојде како европски шампион со екипата на Келце и остана шампион бидејќи следната сезона одново ја освои ЛШ, овој пат со нашиот Вардар и тоа со гол во последните секунди токму од него. Но тоа не беше се, во 2019 година одново Чупиќ стана европски првак со Вардар, трет пат во својата кариера.

Чупиќ бил и ќе остане ракометна легенда на РК Вардар. Ние само можеме да се надеваме дека одново ќе се врати во Скопје и во Вардар, можеби не како играч, но како тренер да!