Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Стојаноска 100% од пенали, Трпевска прв стрелец, Диневска над 100ка, Миновска во топ-3, а голманите со 41%
Стојаноска 100% од пенали, Трпевска прв стрелец, Диневска над 100ка, Миновска во топ-3, а голманите со 41%

Стојаноска 100% од пенали, Трпевска прв стрелец, Диневска над 100ка, Миновска во топ-3, а голманите со 41%

ЖРК Вардар ја имаше најплодната година со овој тим, пред три сезони започна од „нула“ со млади ракометарки од свој погон. Тимот предводен од Ристова и Царчев дојде до две “сребра“ во лигата и Купот. Единствено пред нас е далеку повозрасниот, тимот со дузина странски играчи Куманово, зад себе ги остави сите тимови од земјава, пред се повозрасниот Металург кој ни беше конкуренција за овие позиции и кој го „разбивме“ во дербито. Сите честитки за актери во оваа сезона која беше одична за девојките.

bb3

Решивме денес да направиме блиц-преглед на најдобрите пет стрелци во лигата, и да потенцираме неколку интересни факти, како  девојката која е непогрешлива од пенал, на голманите кои бранат над 40+ проценти од упатените удари, најмладата вардарка и нејзината одлична адаптација која ја вивна на врвот кај стрелците. Наскоро целосна листа на сите кои настапија за црвено-црните оваа сезона во двете натпреварувања.

bb11

Прв стрелец оваа сезона и лидер на листата на стрелци сосема заслужено е Трпевска Ивона, девојката која од првите кола до последното постојано беше на врвот не испуштајќи го епитетот на „прва ударна игла“ во офанзива. Контрите, влезовите од крило, пеналите сето изгледа лесно кога ја гледате “Трпе“ со елеганција, молњевитост и многу енергија ги постигнуваше овие погодоци. На втора позиција е девојката која не знае за замор, борецот во одбраната, динамича во офанзива, девојката која со право е капитен на тимот, Диневска Бојана. Константна од меч во меч, нема дуел без неколку погодоци, играч благороден за секој тренер, пример за секој играч, исто така девојка која ја мина троцифрената граница.

bb7

  Во најдобрите три стрелци ја имаме “препородената“ Миновска Сара, девојка која направи голема трансформација на неколку полиња, многу работи на физичката подготовка во рамки на клубските обврски, но и вон нив. Toa и донесе пркос, ефикасност, голема мобилност, надополнето со нејзината ракометна интелигенција и овозможи да биде трет стрелец со одлични 72.гола, незаборавајќи ја особено важната улога во одбраната, како што неколку пати напоменавме ова девојка игра тотален-ракомет во два правци. Сето тоа беше препознаено и се најде во неколку наврати на списокот за А-селекцијта на Македонија каде многу наскоро се очекува и деби настап за највалитетната мак.репрезенација.

ЛИСТА ТОП-5

1. Трпевска Ивона 138.гола

2. Диневска Бојана 101.гол

3. Миновска Сара 72.гола

4. Дамјаноска Катерина 65.гола

5.Галевски Марија 63.гола

bb4

Катерина Дамјаноска и Галевска Марија се „заротираа“ на позициите 5 и 4 од есенскиот дел. Дамјаноска игра одлично особено офанзивно каде за пикер има прекрасни резултати и е 4.стрелец, во дефанзива нејзините квалитети се познати од поодамна. Галевска  е “моторот“ на тимот и игра на позиција среден бек, многу работеше за екипата, често сама играјќи поголем дел од мечевите на таа позиција со максимална минутажа, исцрпувајќи се и давајќи блескав придонес за колективот. Со нејзините 63.гола ја “затвараме“ топ-5 листата на лигашки стрелци за сезоната 2020/2021.

bb6

 Прва зад топ-5  е најпријатното изненадување на ова листа, девојката која прва година игра во сениорски ракомет, најмладата во екипата, Стефаноска Сара. Одлично се адапираше во тимот и успеа да погоди неверојатни 60.гола, голем потенцијал и вистински вардаров бисер. Целокупната листа на стрелци со постигнувањата на сите девојки од тимот во лигата, но и во Куп дуелите наскоро ќе ја поставиме на нашиот сајт.

bbb

Михаела Стојановска е една позитивна приказна оваа сезона, тоа е еден од најголемите добитници на сезоната. Премина од Металург каде што немаше многу прилика да ги покаже неоспорните квалитети, под менторство на Ристова доби вистинска улога. Особено пролетва игра на одлично, покажувајќи квалитет за повик во младинската селекција на земјава. Со вардаровата екипа освои две “сребра“ и во двете конкуренции заврши пред поранешниот клуб, па нејзиниот премин се покажа како одлична одлука. Во втората половина од пролетниот дел видовме еден нов квалитет кај неа, пеналите. Во лигата и Купот шутна 12.пати, со 100% ефикасност ги реализираше сите удари и погоди неверојани 12.пати, апсолутно без грешка. Покрај тоа да не го заборавиме фактот дека на Ф-4 во Купот беше ПРВ стрелец и единствена двоцифрена со 10.гола.

bb

Кога сме кај „пуленките“  на Царчев Александар  сите три, Илиќ Андреа, Грујовска Симона и Трајкоска Јована имаа феноменална сезона во лигата. Зад своите имиња имаат над 40+ проценти сопрени удари, од упатени 945.удара одбранија неверојатни 386.топки.  Сите три дадоа голем неспорен придонес во успехот,  а кој тим не сака ваков процент на одбрнети удари од своите голмани, Илиќ и Грујовска се троцифрени по бројот на одбрани, Трајкоска која имаше  помалку мечеви има најголем процент на интервенции зад своето име, сите три се одлично усогласени па резултатот дојде. Изразено во проценти  „Царчевите ангели“ сопреа  41% упатени шутеви кон црвено-црниот гол во лигашките дуели.  Листата на одбрани во целост за лигата и Купот ќе ја поставиме  заедно со целосната листа на стрелци, во текстот на нашиот веб сајт.