Вардар фанс продолжува со посетите на ракометните школи ширум главниот град. Најновата школа што ја посетивме е таа на ракометниот клуб Илинден Вардар, чии тренери се Александра и Дарко Јанев кој е поранешен играч на Мрк Вардар. Погледнете низ нашите фотографии како се подготвуваат младите ракометарчиња родени 2004 и помали за Јуниор лигата. На тренингот владееше позитивна атмосфера, а младите надежи на црвено-црните работеа под будното око на тренерскиот двоец Јанев, кои несебично ја пренесува љубовта кон ракометната игра и ги подготвуваа младите за предизвиците во “Јуниор лигата“.
