Вардарецот, Могамедгаџи Нуров го освои првото место на Меѓународниот турнир во борење, Сасари Сити на Сардинија, Италија, во категоријата до 97 килограми.
Нуров ги совлада противниците од Канада и Италија со по 10-0, односно технички туш. Македонскиот претставник се подготвува за настап на Олимпијадата во Токио, вардарецот прв од земјава обезбеди „виза“ за Олимписките игри.