Кадетскиот тим на ЖРК Вардар денес го одигра и вториот дуел во групата-Г од квалификацискиот турнир за Ф-4 во кадетската лига. Нова победа за избраничките на Платон Анжела и Марија Папуџиева, по вчерашниот триумф над гостиварска Јехона, денес „падна“ и екипата на Ѓорче Петров-ЖРК.
Противникот отвори со погодок за водство со 0-1, тоа беше нивно прво воедно и последно водство на оваа средба. На нашиот гол Вероника Ѓорѓиевска врза две одбрани, во напад Коцева Борјана со два гола направи пресврт и поведовме со 2-1. Веќе во осмата минута водевме со четири плус (5-1) по голот на Нина Попова од пенал. На средината од полувремето имавме седум гола повеќе (10-3), стрелец на 10тиот погодок за нас беше Коцева Бојана. Противникот со мини серија (1-3) се врати во средбата и намали на 11-6. Вардарки повторно дикираа темпо и на 2.минути до крајот на овој период имаа двојно повеќе погодоци, Мила Крагељ стрелаше за 14-7. На одмор заминавме со резултат 16-8.
Вториот дел на мечот кој се играше во сала „Х.Батанџиев“ во н.м Волково, беше далеку понеефикасен од првиот. По 7.минути игра двата тима имаа по три погодоци во противничката мрежа, разликата беше истата од полувремето. На семафорот стоеше 19-11 по голот на капитенот Коловска Александра. Во текот на целиот натпревар Платон и Папуџиева ротираа со играчите добија прилика сите девојки. Дуелот го добивме со 9.гола предност, крајниот резултат беше 25-16, истиот го постигна од пенал Равојска Јана во последните секудни од натпреварот.
Прв стрелец за нас беше Коцева Бојана со 5.гола, по три погодока имаа: Ива Ангеловска и Коцева Борјана.
За пласман на завршницата на „Лавиците“ клучен ни е попладневниот натпревар, против екипата која има идентичен скор како и нас, тимот на РК Аеродром во истата сала со почеток во 17:00 часот