Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Кадетите на РК Вардар обезбедија Ф-4 (ВИДЕО)
Кадетите на РК Вардар обезбедија Ф-4 (ВИДЕО)

Кадетите на РК Вардар обезбедија Ф-4 (ВИДЕО)

Денес во рамки на 3.коло од групата-Г, кадетите на РК Вардар 1961 обезбедија важна победа на дербито со Бутел. Момците на Зенга го совладаа ривалот со 15-14 и веќе се пласираа на Ф-4 во кадетската лига. Денес имаме уште еден дуел, но истиот не го менува нашиот сигурен пласман на Ф-4.

Противникот поведе на почетокот со еден гол (0-1), ние заигравме подобро и дојдовме до пресврт. Успеавме да се одлепиме на два гола (3-1), се играше борбено и во првиот дел се постигнаа само 13.гола во двете мрежи. На одмор на натпреварот во салата Автокоманда отидовме со гол предност, 7-6.

.Вториот дел исто така не беше ефикасен, имаше голема борба по 7.минути игра двата тима имаа постигнато само по еден гол. Тој гол предност од полувремето се покажа како клучен на ова дерби, ние победивме со минимални, но доволни 15-14 на оваа средба. Целиот дуел може да го погледнете на следното ВИДЕО!