Во клучниот дуел од 3.коло на квалификацискиот турнир во кадетската група-Г се сретнаа двата тима кои имаа максимални бодови по две рунди, Вардар и Аеродром. Победникот на оваа средба обезбедуваше пласман на Ф-4 па влогот беше голем. Сепак црвено-црните избранички на Платон и Папуџиева кои ја бранат титулата во кадетската лига од 2019.година (2020 не се одигра) ја оправдаа улогата. Ние победивме со 27-12.
И на овој дуел, како и на двата претходни на турниров, противникот поведе со 0-1 и на овој дуел тоа беше прво и последно нивно водство. Следуваше серија 0-7 па поведовме со 1-7 во 10.минута. По одбрана на Ѓорѓиевска во контра најбрза беше Бојана Радевска која стрелаше силно. Се играше гол за гол во продолжение во 15.минута повторно водевме со 6.плус, стрелец за 10-4 беше Равојска Јана. Противникот до одморот успеа само да намали малку од разликата и со негатива од пет гола заминаа на одмор, на семафорот стоеше 11-6 за нас.
Аеродром реши да ризикува и тргна во вториот период со игра 7 на 6, тоа поради одличната одбрана на нашиот тим им се одмазди. Платон и папуџиева негуваат силна одбрана и инсистираат на колективна игра па тоа е нашата сила. По 8.минути водевме со 8.гола, Вероника Ѓорѓиевска одбани еден удар, фрли контра до Ива Ангеловска која атрактивно стрелаше за 16-8. По овој момент ние го дигнавме нивото, играта на противникот се распадна пред нашите налети. Успеавме да дојдеме до 15.гола повеќе, триумфот дојде со 27-12.
Радевска Бојана впиша 6.гола и беше прв стрелец, три девојки имаа по 4 гола: Трајановска Јована, Коцева Бојана и Коловска Александра. По два пати успешни беа: Андовска Зорица и Равојска Јана. Вероника Ѓорѓиевска повторно беше двоцифрена, одбрани 11.удари со неверојанти 50% ефект (11/22).