Во СЕХА-лигата се познати четврт-финалните двојки. Откако се одиграа натпреварите во двете групи, како и осмина-финалните дуели се познати екипите кои продолжуваат во следната елиминациска рунда.
Моменталната листа на најдобри десет стрелци во СЕХА-лигата е позната, а во ТОП-5 место има за ракометарот на Вардар, Тимур Дибиров.
Дибиров се наоѓа на 3.место со вкупно 38 погодоци, додека првото место е за Оливер Рабек од екипата на Татран Прешов кој има 48 постигнати голови. Младен Шотиќ со 41 постигнат гол од екипата на Војводина се наоѓа на второто место.