Металург го „плати цехот“, кадетките на ЖРК Вардар во дуелот за 3.место го совладаа високо ривалот од Автокоманда. Нашите девојки обезбедија „бронза“ со резултат 21-15 (12-06).
Започнавме со по еден гол на двете страни за почетни 1-1 по 3.минути ракомет. Набрзина врзавме два гола и поведовме во 4.минута преку Радевска Бојана со 3-1, предност која не ја испуштивме до крајот на дуелот. Веќе во 10.минута имавме 4 гола повеќе, по одбрана Вероника Ѓорѓиевска фрли контра до Теодора Ангелова која ефективно стрелаше за 6-2, таа имаше неколку ефекти погодоци денес. Ние ја игравме нашата игра, доминираме во одбраната во нападот казнувавме, имавме мотивиран голман. Највисоките 7.гола предност во првиот дел ги остваривме во 17.минута, стрелаше Ангеловска Ива за 10-3. На пауза заминавме со залиха од шест гола, беше 12-06 за лавиците за време на паузата.
Вториот дел го почнавме пеколно со одлична игра во одбраната, на голот влезе Леа Христоска, девојката која и покрај повредата „стегна заби„ и впиша одличен настап. Со нејзните одбрани и двата гола на Пешиќ Мила која најверојатно ги игра последните дуели за овој тим и погодокот на Зорица Андоновска поведовме со 9.гола (15-06). Противникот успеа да влезе во мини серија (1-4) и намали на 16-10, тие „скратија“ една третина од негативата во 12.минута од вториот дел, но тоа беше се што можеа. Ние се вративме во ритам на оваа средба и доминиравме во наш стил. Победата дојде со резултат 21-15 на оваа средба, истата донесе „бронза“ за лавиците.
Честитки за освоената „бронза“ на девојките и стручниот штаб, Платон Анжела и Марија Папуџиева.