Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Куглање: „Бронза“ за црвено-црните во Купот на РМ
Куглање: „Бронза“ за црвено-црните во Купот на РМ

Куглање: „Бронза“ за црвено-црните во Купот на РМ

Преземено од официјалната страница на Кугларската федерација:
За прв пат во кугларската историја, во Битола беше одиграно кугларското финале на Купот на Македонија. Победник Макпетрол, Пелистер втор, Вардар трет, ГТЦ четврт.
По завршувањето на Купот беа доделени пeхари, медали и плакети. Признанијата ги додели Игор Михајловски, потпретседател на КФСМ.
Најдобар играч во МАКЕДОНСКАТА КУГЛАРСКА ЛИГА сезона 2020/21 – српскиот репрезентативец Урош Јаглишиќ кој игра оваа сезона за Макпетрол
f4 24
Најдобра кугларка во МАКЕДОНСКАТА КУГЛАРСКА ЛИГА сезона 2020/21 – македонската репрезентативка Данче Наумовска која игра за жкк ГТЦ – Мусандра
Беа доделени и медали и пехари за најдобрите три екипи во лигата оваа сезона
Шампион – Вардар, Макпетрол второ место, Пелистер – трето место.
Пласман за европските купови остварија четири машки екипи (Вардар, Макпетрол, Пелистер, ГТЦ Мусандра) и две женски (ЖКК ГТЦ Мусандра и ЖКК Пелистер).
Согласно најавите, Вардар како шампион ќе кугла на Светскиот куп во Хрватска, Пелистер на Европскиот Куп во Словенија, Макпетрол и ГТЦ на NBC во Германија.
Наредните два викенда во Битола ќе се одиграат државните првенства во категорија до 18 и до 23 години.