Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Фани Ѓорѓиевска го напушта Вардар, уште една девојка од првата генерација на овој состав заминува, 11.заминувања за 1.година од црвено-црниот тим
Фани Ѓорѓиевска го напушта Вардар, уште една девојка од првата генерација на овој состав заминува, 11.заминувања за 1.година од црвено-црниот тим

Фани Ѓорѓиевска го напушта Вардар, уште една девојка од првата генерација на овој состав заминува, 11.заминувања за 1.година од црвено-црниот тим

Ново заминување од ЖРК Вардар, поранешната кадетска репрезентативка и член  од почетокот на формирањето на актуелната екипа на Вардар, девојка која од пионерските први денови на овој состав беше дел од тимот, Стефанија Ѓорѓиевска реши да ја смени средината. Крилото ќе игра во иднина во скопски РК Чаир, каде се надева на поголема минутажа и настапи. Фани ги мина сите „филтри“ од пионерска, кадетска, младинска до сениорска ракометарка во црвено-црниот тим. Редакцијата на Вардар фанс и посакува успех понатака во кариерата.

За речиси 12.месеца дури 11 девојки го напуштија ЖРК Вардар, лани во овој период замина: Коларовска, Гроздановска, Седлоска, Николиќ, Гоцевска, Ангеловска и Божиновска. Оваа пролет пред Купот од тимот заминаа и Јаковчевска и Стаменкова, а вчера замина и девојката која беше голем потенцијал, но не дочека промоција во првиот тим, младинската репрезентативка на Македонија, капитенот на кадетскиот состав Коловска Алекс. Стефанија е 11-то име кое го напушта црвено-црниот тим. Половина од нив се откажаа од ракометната игра, Вардар донесе засилувања, се очекува нови наскоро. Тимот прекомандува и две кадетки кои блеснаа, оваа сезона се покажа стратегијата за подмладување како успешна па донесе две „сребра“ во Купот и лигата.

Благодариме за се Фани, многу среќа во кариерата…