Бобан Николов е еден од играчите кои го направија историскиот успех на ФК Вардар пласирајќи се во групната фаза на Лигата на Европа. Токму Николов играше фантастично во квалификациите на патот до овој успех, а постигна и одличен погодок против Малме на гостински терен.
Играчот од средината на теренот беше гостин во ,,Лазаров Шоу” каде му беше поставено и едно интересно прашање кое гласеше: Да можеш да одбереш од Вардар и Лече, за кој клуб би играл следната сезона? Следуваше многу искрен одговор од Николов, кој додаде дека еден ден би сакал да се врати во Вардар, а ги пофали и ,,Комитите”.
Одговорот на ова прашање (14:50′) , како и целото гостување во ,,Лазаров Шоу” можете да го погледнете ТУКА.