Wednesday ,23 October 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Двајца млади играчи го напуштија Вардар, Ѓурковски и Крстевски си пронајдоа нови клубови
Двајца млади играчи го напуштија Вардар, Ѓурковски и Крстевски си пронајдоа нови клубови

Двајца млади играчи го напуштија Вардар, Ѓурковски и Крстевски си пронајдоа нови клубови

Двајца нови играчи го напуштија Вардар и во новата сезона ќе бидат дел од нови екипи.

Се работи за младите Александар Ѓурковски и Виктор Крстевски, играчи кои се родени 2002 година. Крстевски и Ѓурковски се деца на Вардар, ги поминаа сите младински категегории со кои освојуваа трофеи во младинските лиги, а минатата сезона потпишаа и професионални договори со Вардар, настапувајќи во ПМФЛ.

Ѓурковски се сели во екипата на Шкупи, додека Крстевски ќе го засили новиот прволигаш, тимот на Тиквеш кој по долги години ќе настапува во најсилната македонска лига.

Иако е најавен старт  на подготовките за неколку дена, се уште клубот нема објавено ниту еден нов играч со кој има потпишано договор, па прашањето со каков состав ќе ги стартуваме подготовките, кои начелно треба да стартуваат претстојниов викенд.