Втора сезона по ред, немаше победници во младинските фудбалски лиги поради добро познатата ситуација со корона вирусот.
Генерацијата 2005 дебитираше во рамките на помладата пионерска Супер лига и беше на добар пат да стане Шампион на Македонија.
Вардар го имаше најдобриот стрелец во лигата, се работи за напаѓачот и капитен на оваа екипа, Никола Величковски кој со 19 постигнати голови заврши на врвот на најдобри голгетери во оваа возрасна категорија. На делба на второто место се најдоа тројца играчи, а еден од нив е Арбин Курти од Вардар.
Листа на стрелци во помладата пионерска Супер лига:
1. Никола Величковски (Вардар) -19
2. Живко Крстев ( А.Пандев), Арбин Курти ( Вардар) и Зани Назифи ( Шкендија) -13
3. Никола Талески ( А.Пандев) -12
4. Никола Манајлов ( Работнички) -11
5. Мартин Ѓорѓиевски ( А.Пандев) и Белмин Цамиќ ( Работнички) -10
6. Еди Мандак ( Брегалница), Томислав Петкоски ( Работнички) и Кире Стојанов ( А.Пандев) -9
7. Филип Јовановски ( Вардар) и Марио Аџијев ( Брегалница) -8