Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Uncategorized > ПОТВРДЕНО! Нуров е во топ-4 ранкингот за Олимпијадата, последните подготовки се во Русија, федерацијата стандардно „спие“
ПОТВРДЕНО! Нуров е во топ-4 ранкингот за Олимпијадата,  последните подготовки се во Русија, федерацијата стандардно „спие“

ПОТВРДЕНО! Нуров е во топ-4 ранкингот за Олимпијадата, последните подготовки се во Русија, федерацијата стандардно „спие“

Светската боречка организиација го потврди рангирањето за Олимписмките игри во Токио. Важно за нас е како што знаеме рејтингот на Нуров , кој е во фаворитите 4 учесници благодарение на рејтинговите турнири .

Така да првите 4 никако на жребувањето не би требало да се сретнат еден со друг , доколку Нуров на жребувањето ги избегне “незгодни борачи” Одикадзе (Грузија) и Хуштин (Белорусија) слободно можеме да се надеваме на 1/2 финале и борба за одличје.

213199979_374946457529141_26689679522795210_n

Завршните подготовки Нуров ги извршува под надлежност на тренерот Ибрагимов заедно со Руската репрезентација во Олимпискиот центар во Кисловодск до 10 јули.
После 10 јули карванот ќе се придвижи во Руската Олимписка спортска База на Владивосток до учеството на Олимпискиот турнир на 5 август , откаде што многу спортисти ќе летаат за Токио.

211330226_501168360967234_8535964289141814707_n

Интересно е да се напомене дека нема никаква информација од Боречката Федерација , како воопшто да не се заинтересирани за Олимпискиот кандидат, за кого , ( како што добивме информации од Агенцијата за Млади и Спорт) има доделено преку 3.500.000 ден за подготовки на нашиот Олимпиец, а средствата биле ненаменски потрошени. Изгледа дека раководството на Боречката Федерација се труди и вршеле притисок на надлежните само за да можат да го пропикнат на Олимпијада лицето Лулзим Вренези кое што го претставуваат како селектор на Македонската репрезентација , кое што ниту 1% никако не придонел за резултатите и успесите за освојување на Олимписката норма . На Олимпијадата , нема место за матни игри и валкани политики со кои се служи раководството на Боречката Федерација .