Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Филип Илиќ останува во Вардар
Филип Илиќ останува во Вардар

Филип Илиќ останува во Вардар

ФК Вардар го задржува првиот голман и за новата сезона. Иако Филип Илиќ не се појави на првата прозивка на Градски, сепак тој останува верен на ,,црвено – црните” бои и во новата сезона.

Ова значи дека во Вардар ќе остане уште еден играч од минатата сезона. Илиќ изминатава сезона беше стандарден помеѓу стативите и одигра 31 натпревари за Вардар. Ова е добра вест за Управата на клубот која нема да треба да бара нов чувар на мрежата. Да напоменеме дека во тимот ги имаме и младите голмани Гоце Јовчев и Лука Стојковски кои работат со првиот тим.

Вардар ќе игра во ВМФЛ-Запад, заедно со Силекс, ГФК Охрид, Велешта, Гостивар, Кораб, Кадино, Тетекс, Воска Спорт и Беса Добри Дол. Сезоната стартува во средината на месец август. Првиот контролен натпревар ќе биде идната среда против Каменица Саса.