Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Миновска „најсјаен мак.дијамант“ , Сара избрана за најдобро крило на ЕХФ Шампионатот

Миновска „најсјаен мак.дијамант“ , Сара избрана за најдобро крило на ЕХФ Шампионатот

219654269_125130169788156_3299517596750835659_n

Македонија на ЕХФ Шампионатот кој вчера заврши во Скопје го освои 6.место. Сепак имаше еден истакнат поединец кој не можеше да се заобиколи при изборот за најдобриот тим на ова младинско женско ракометно првенство.

Капитенот на репрезенатцијата, играчот на Вардар единствената Сара Миновска, со своите игри, со презентацијата на модерниот стил на игра, тотален ракомет во два правци покажа и докажа дека е најблескавиот дијамант во македонската ракометна екипа. Миновска е девојка која доживеа „ренесанса“ последните две и пол години. Тоа не дојде од небо, имаше момент кога повеќе не гледаше причина да настапува во оваа игра, но можеби нејзината најсилна страна е психичката стабилност и  неверојатната упорност. Работеше на себе месеци и месеци наназад, се залагаше доста на ракометниот терен, но и надвор од него вложи многу труд, пот време, љубов и посветеност. Успеа да го трансформира својот стил на игра, нејзината физичка подготвеност е на ниво на десетобоец, тоа е девојка која вложи се и доби на крајот се. Сега е најдобро лево крило на шампионатот, во Вардар е во топ-3 листата на стрелци, во А-селекцијата е на поширокиот список.

219654269_125130169788156_3299517596750835659_n1

Покажа дека доколку се сака и доколку се работи вредно и посветено на себе, со зацртана цел и голема психо-физичка сила која е вложена во процесот резултатот ќе биде блескав. Самото признание за најдобро крило од десетиците крила кои беа на шампионатот во Скопје покажа дека е родена да биде на самиот врв. Нејзините игри се инспиративни, нејзините влезови молскавични, играта во одбрана е на вистинска приказна за модерно практикување на ракометната игра. Она има се за да биде она што сака, ракометар од висока калибар.

Редакцијата на Вардар фанс и посакува многу успех и да ги достигне ракометните височини кои ги заслужува капитенката на Македонската младинска ракометна селекција.