.
ФК Вардар на својата Фејсбук страна по повод роденденот на клубот се огласи и порача..
.
Премногу голем а сепак доволно мал да го собере во нашите срца !
Потребата од формирање на Фудбалски колектив кој треба рамноправно да се носи со другите клубови во поранешната СФРЈ, ги натера управите на постоечките големи клубови од Скопје – ФК Македонија и СК
.
Победа да ги здружат силите. Името на клубот како наследник на првиот колектив кој под тоа име се појавува во Скопје уште пред Балканските војни во 1911г. Едногласно е одбрано – ФК Вардар.
ФК Вардар како име кое повторно се формира по завршувањето на Првата светска војна во 1919, и чии терени се наоѓаат помеѓу стар Кермес и денешниот Градски стадион.
Вардар како наследник на ФК Македонија, СК Победа, СК Граѓански…
.
Вардар е името кое го радува Скопје, Вардар е гордоста на Македонија.
Поминавме низ убави и тешки моменти, радост и тага, титули и гола борба за опстанок, опстоивме и кога шансите за тоа беа речиси непостоечки.
Сега сме тука каде што сме, но ќе се вратиме таму каде што припаѓаме.
.
Ветуваме затоа што знаеме дека си сакан од многумина.
Бидете со Вардар, денес 74 години, пред нас е вечноста, а Вардар и засекогаш одат заедно !
ВАРДАР ЌЕ ЖИВЕЕ !