Вардарци ги одработуваат последните денови во Златибор, како главен дел од подготовките во пресрет на новата натпреварувачка сезона.
„Пеколна“ ќе биде конкуренцијата за прв голман кај Вардар оваа сезона. Борко Ристовски доби силна конкуренција во неговиот колега од репрезентацијата, Мартин Томовски, додека ново засилување е и Али Сафар, кои ќе бидат надополнети со младиот Васил Гогов.
Томовски напорно тренира под водство на Александар Рогановиќ кој ќе биде задолжен за работа со голманите на Вардар.