Продолжуваат контролните натпревари за екипата на Вардар. Попладнево од 18 часот во Струга, ,,црвено – црните” ќе одиграа натпревар против албанскиот прволигаш Егнатија.
Очекуваме еден интересен и неизвесен натпревар на две екипи со сличен квалитет. Во тимот на Егнатија настапува и еден поранешен играч на Вардар, Бесар Исени.
Вардар по овој натпревар се враќа во Скопје каде ќе се подготвува за стартот на новата сезона. Преодниот рок за најтрофејниот колектив не е завршен, а се очекуваат уште три нови фудбалери до крајот.