Thursday ,19 September 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Крстевски го напушти Вардар и се пресели во екипата на Пелистер
Крстевски го напушти Вардар и се пресели во екипата на Пелистер

Крстевски го напушти Вардар и се пресели во екипата на Пелистер

Уште еден млад играч се реши да го напушти фудбалскиот клуб Вардар и својата среќа да ја бара во друг клуб.

По стапките на Мартин Радуловиќ-Величковиќ се реши да оди и Виктор Крстевски. Исто така се работи за играч кој е генерација 2002 и кој има дефанзивни задачи. Пред скоро една година, Крстевски дебитираше во сениорскиот тим на Вардар на дуел против екипата на Работнички.

Минатата сезона силно се наметна во составот кој најпрво го предводеше Васоски, а подоцна го превзема и Илиевски, беше играч со солидна минутажа во клубот, но сепак реши да ја промени средината. Инаку се работи за играч кој ги има пооминато сите младински категории на Вардар, како и за младински репрезентативец на Македонија. Во Вардар беше речиси десет години.

Крстевски на стартот од летниот траснфер период беше поврзуван со екипата на Тиквеш, но откако во последен момент се искомплицираа работите, младиот дефанзивен играч се врати да тренира со Вардар, дури беше дел и од подготовките во Охрид, но сепак се реши црвено-црниот дрес да го замени со зелениот на Пелистер.